Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2015

Росицки ќе паузира два месеци

Фудбалерот од средината на теренот на Арсенал, Томаш Росици, ќе отсуствува од терените до два месеци за да заздрави од операцијата на коленото, соопшти неговиот агент.

Триесет и четиригодишниот Росицки бил подложен на артроскопска операција на коленото на 4-ти август.
„Заздравувањето ќе трае меѓу четири и осум седмици“, изјави агентот на Чехот.
Росицки, кој е капитен на чешката репрезентација, се повреди на квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2016 против Исланд во јуни, но дури пред десетина дена било одлучено дека операцијата е најдобра опција.
Чешкиот интернационалец пред доаѓањето во Лондон настапуваше за Спарта Прага и Борусија Дортмунд, а дресот на чешката репрезентација го носел на 100 натпревари.

Најнови вести