Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2016

Македонија преку Чешка на Светско првенство

Машката ракометна репрезентација на Македонија ја победи Чешка со 34-27 и обезбеди пласман на Светското првенство во Франција.

Македонија во Скопје на реванш дуелот во баражот против Чешка победи со седум гола разлика 34:27 со што надомести за поразот од шест гола по првиот меч одигран во Злин (28-22).
Поддржани од шестилјадната публика во СЦ „Борис Трајковски“ македонските ракометари веќе во 16-минута имаа седум гола предност, а во 19-тата Македонија стигнаа до осум гола предност 13:5, која ја задржаа до крајот на полувремето, 19:11.
Во вториот дел Македонија имаше највисоки десет гола предност. Чесите не се предаваа и постојано одржуваа притисок до самиот финиш, но со голот на Мојсоски на седум секунди до крајот „црвено-жолтите“ ја оддржаа посакуваната разлика.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков со 11 гола, а капитенот Кирил Лазаров постигна 8 гола.
Ова беше последен натпревар за долгогодишните репрезентативци Филип Миркуловски и Наумче Мојсоски, а репрезентацијата ќе има повеќе време комплетно да се подмлади пред новиот настап на завршницата на Мундијалот во Франција.

Најнови вести