Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2017

Германија лесно до полуфиналето, Чешка ја изненади Италија

Младата репрезентација на Германија ја оствари и втората победа на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.

Во натпреварот од второто коло од Групата Ц Германија ја победи Данска со 3-0. Откако првото полувреме заврши без голови, Дејви Зелке во 53-тата ги доведе младите „панцири“ во водство. 
Дваесет минути подоцна Марк Оливер Кемпф ја зголеми предноста, а со голот на Надием Амири Германците стигнаа до убедлива победа.
На првиот натпревар од истата група Чешка со 3-1 ја победи Италија со головите на Травник, Хавлик и Луфтнер, а единствениот гол за „аурите“ го постигна Доменико Берарди.
Германија е прва во групата со шест бодови, а Чешка и Италија имаат по три.
По две кола на првенството Германците се единствена репрезентација која нема примено гол.
Во последното коло се игра големото дерби меѓу Италија и Германија, а Чешка се среќава со Данска.

 

Најнови вести