Корисничко име Лозинка Пријави се
11.6.2016

Чешка убедлива на првиот меч од плејофот

Ракометната репрезентација на Македонија е поразена со 28-22 од Чешка во првиот меч од квалификацискиот плејоф за пласман на СП што ќе се одржи во 2017 година во Франција.

Македонија предводена од новиот селектор Лино Червар се враќа од гостувањето во Чешка со негатива од шест голови и за пласман на ракометниот Светски шампионат следната година ќе му биде потребно чудо на реваншот во Скопје кој ќе се игра следната среда.
Во дебито на новиот селектор на нашата клупа Лино Червар, ракометарите добро го отворија гостувањето во Злин има предност од еден гол десетина минути. Чесите со серија од 2-0 направија пресврт и до крајот на првиот дел ја зголемија разликата на 14-10.
Во второто полувреме домаќинот ја одржуваше разликата, а во последните 5 минути успеа да стигне и до убедлива победа и голема предност пред реваншот. Чесите ја искористи одличната партија на голманот Галија и со предноста од ракометар повеќе на теренот после две исклучувања кај Македонија поведоа со највисоки 27-20 во 57 минута.
Во завршницата Македонија постигна два брзи гола преку Миркуловски и Ојлески, а имаше шанса и за пристоен пораз но Георгиевски не реализираше контра напад. Казната од Чесите стигна преку Бечваш за конечни 28-22.
Голманот Мартин Галија кај Чешка мечот го заврши со извонредни 18 интервенции. Кире Лазаров беше најефикасен во Македонија со осум гола но со слаба реализација. Гоце Георгиевски постигна четири, исто колку и Миркуловски, а три пати меѓу стрелците се запиша Дејан Манасков. Голманите Ристевски и Митревски имаа по 7 одбрани.
Реванш баражот ќе се игра в среда во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Најнови вести