Корисничко име Лозинка Пријави се
04.3.2014

Росицки и Мертесакер верни на Арсенал

Германецот Пер Мертесакер и Чехот Томаш Росицки ги продолжија своите договори со Арсенал.

Како што се наведува на интернет-страницата на Арсенал, Росицки потпишал договор до 2016, а Мертесакер до 2017 година.
„Воодушевени сме поради овие вести. Се работи за квалитетни и искусни играчи кои константно се докажуваат на највисоко ниво“, изјави Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, за клупската интернет-страница.
Росицки има 33 години, во лондонскиот клуб дојде од Борусија Дортмунд летото 2006 година, а за Арсенал досега одигра 207 натпревари и постигна 24 голови.
Мертесакер има 29 години, а член на Арсенал е од летото 2011 година, кога дојде од Вердер Бремен. Овој германски играч досега за Арсенал настапи во 109 средби и постигна пет погодоци.

Најнови вести