Корисничко име Лозинка Пријави се
28.3.2017

Росицки опериран, ја заврши сезоната

На Томаш Росицки, играчот за врска на Спарта, му е извршена операција и нема да игра до крајот на сезоната, соопшти клубот од Прага.

Спарта наведе дека операцијата на Ахиловата тетива поминала без никакви компликации, како и тоа дека поранешниот капитен на Чешка не теренот ќе се врати на почетокот на следната сезона.
Росицки во август минатата година се врати во Спарта по десетте години поминати во Арсенал.
Тој тогаш потпиша договор на две години, но од почетокот на сезоната се мачи со повреди, па одигра само 19 минути, но сè уште не е подготвен да се предаде.
„Така е тоа во животот. Ако има надеж, мора да се борите. Ќе се обидам уште еднаш“, изјави 36-годишниот Росицки.

Најнови вести