Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2015

Чешка и Исланд на Европско првенство, Холандија е сè подалеку

Фудбалерите на Чешка и Исланд се пласираа на ЕВРО 2016 година, додека Холанѓаните со поразот од Турција од 3-0 се сè подалеку од континенталниот шампионат.

Чешка ја победи Летонија со 2-1, па како и Исланд, има 19 бодови. Турција сега е трета на табелата со 12 бодови, додека Холандија има два помалку.
Триумфот на Чешка ѝ го донесоа Лимберски во 13-тата и Дарида во 25-тата минута. Погодокот за Летонија го постигна Зјузинус во 73-тата минута.
На натпреварот во Турција сè беше решено уште во првото полувреме, победата на својата репрезентација ѝ ја донесоа Озјакуп и Туран. Турција поведе уште во осмата минута, кога играчот на Бешикташ го лобуваше голманот од казнениот простор забележувајќи дека излегол премногу напред. За 2-0 Туран погоди во 26-тата минута по одличен дриблинг, а Силесен не успеа да одбрани. Конечниот резултат го постави Јилмаз на четири минути пред крајот.
На Исланд му беше доволно еден бод на натпреварот со Казахстан за пласман на Европското првенство, а натпреварот на двете екипи заврши без голови.

Група А:
Летонија – Чешка 1-2
Турција – Холандија 3-0
Исланд – Казахстан 0-0
Табела: Чешка 19, Исланд 19, Турција 12, Холандија 10, Летонија 4, Казахстан 1

Најнови вести