Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2014

Четворица играчи на Арсенал повредени за осум денови

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, нема среќа со повредите. Томаш Росицки, играчот за врска на „топчиите“, е четвртиот играч на Арсенал кој за осум денови се здоби со повреда на репрезентативната должност.

Чехот претрпе силен удар во пределот на ногата во петокот вечерта против Турција и три дена подоцна ја пропушти победата на своите соиграчи против Казахстан.
Пред Росицки и Месут Озил (лигаменти), Лоран Косељни (воспаление на Ахиловата тетива) и Дени Велбек (зглобот) се здобија со повреди со репрезентациите на Германија, Франција и Англија.
Арсенал во сабота во рамките на Премиер лигата ќе игра против Хал на „Емирати“ стадионот во Лондон.


Најнови вести