Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2011

Лотоматика го повикува Џинобили

Аргентинскиот кошаркар Емануел Џинобили за време на локаутот во НБА-лигата би можело да се пресели во римската Лотоматика, пренесуваат италијанските медиуми.

Сопственикот на клубот од „вечниот град“, Клаудио Сабатини, рече дека со ангажирањето на Крис Даглас Робертс завршен е пазарот, но дека би можел да направи исклучок и да ја ангажира ѕвездата на Сан Антонио, и тоа само додека трае штрајкот во најсилната лига во светот.

Италијанскиот клуб е во преговори со агентот на аргентинскиот репрезентативец, кој пред заминувањето во НБА играше за Виртус Болоња.

Најнови вести