Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2016

Тим Данкан замина во пензија

По 19 сезони, 15 ОЛ-стар викенди, по пет титули и МВП признанието, Тим Данкан одлучи да замине во пензија.

Како што потврди тимот од Тексас, Данкан се откажа од последната сезона од договорот со Сан Антонио спарс, на 40-годишна возраст.
Спарс во минатата сезона заврши во полуфиналето на Западот со пораз од Оклахома Сити тандерс во шест натпревари. Во последната НБА сезона имаше просек од 8,6 поени со 7,3 скокови и 1,3 блокади.
Данкан во кариерата одигра 1.392 натпревари во регуларниот дел од сезоната и просечно забележа 19 поени, 10,8 скокови и 3 асистенции по натпревар, а во плеј-офот имаше просек од 21,2 поени со 11,1 скокови, 3,3 асистенции и 1,4 блокади и 1,3 украдени топки.
Во првите десет сезони од НБА лигата беше избиран во идеалниот тим на лигата, а веќе во втората сезона ја освои првата титула и е прогласен за МВП во финалната серија. Нови прстени освојуваше во 2003, 2005, 2007 и последниот во 2014 година.
Уште два пати беше во МВП финалето во 2003 и 2005 година, а два пати е прогласен за најдобар играч во сезоната 2002 и 2003 година.
Во текот на сите 19 сезони со Данкан во тимот Сан Антонио имаше процент од најмалку 60% победи во регуларниот дел од сезоната, што е најдобра низа во историјата на лигата, Спарси остварија 1.072 победи со 438 порази.
Данкан беше најдобар стрелец во историјата на НБА со 26.496 поени, шести скокач со 15.091 фатена топка, па петти блокер со 3.020.
Осум пати беше во најдобриот дефанзивен тим на лигата, а дури трети играч во историјата кој оствари повеќе од 1.000 победи во сезоната, по Карим Абдул-Џабар и Роберт Периш, кои се пред него.
Многумина го сметаа за досадна ѕвезда во НБА, поради својата повлечена природа, не се истакна ниту на теренот ниту надвор од него, во било што освен во играта, па никој не може да му го оспори статусот на жива легенда на оваа игра.
„Ако покажеш одушевување, тогаш мораш да покажеш и разочарување, фрустрација. Ако противникот тоа го забележи тогаш тој е во предност“, го објасни Данкан отсуството на емоциите на паркетот. 
Нема сомневање дека „мамузите“ набрзо ќе го пензионираат и дресот со неговиот број 21.

Најнови вести