Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2016

Вориорси го соборуваат рекордот на Чикаго

Кошаркарите на Голден стејт вориорс се наоѓаат на чекор до историски рекорд во НБА лигата.

Актуелните шампиони синоќа во Сан Антонио го совладаа големиот противник Спарс со 92:86, а само триумф во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната против Мемфис ги дели од неверојатниот резултат 73-9 и соборување на рекордот на Чикаго Булс од сезоната 1995/96, кога имаа резултат од 72-10.
„Очигледно е дека во овој момент уживаме во ова патување, целта ни е да го освоиме шампионскиот прстен, но се наоѓаме во добра позиција да ја завршиме сезоната со победа и да сториме нешто во што никој до сега не успеал, а тоа е големо достигнување“, изјави плејмејкерот на Вориорс, Стефен Кари.
Тој го предводеше својот тим со 37 поени, Клеј Томсон додаде 14, а Демонд Грин 11 поени.
Голден стејт ја прекина серијата од 48 победи по ред на тимот од Тексас на домашен терен во регуларниот дел од сезоната, но ја прекинаа и низата од 33 порази против Сан Антонио во гости, која траеше уште од 1997 година.
Во домашниот состав, за кој играше Тим Данкан, Ламаркус Олдриџ постигна 24 поени, Кавај Ленард 20.

Најнови вести