Корисничко име Лозинка Пријави се
19.12.2016

Данкан во легендите на Сан Антонио

На натпреварот меѓу Сан Антонио и Њу Орлеанс, домашниот тим му оддаде голема почит на поранешниот кошаркар Тим Данкан за сè што направи во неговата кариера од две децении во клубот, а специјален гест од страна на челниците на клубот беше тоа што го повлекоа од употреба дресот со број 21.

Сан Антонио во дерби-дуелот славеше со 113:100 над Њу Орлеанс и со тоа ја забележа 22-рата победа во НБА-лигата, благодарение на одличните игри на Џинобили и Олдриџ.
На оваа средба, домашната екипа му оддаде голема почит на поранешниот кошаркар Тим Данкан за сè што направи во неговата кариера од две децении, а челниците на клубот направија специјален гест со тоа што го повлекоа од употреба дресот со број 21, кој своевремено го носеше Данкан. Почит на крилниот центар му оддаде тренерот Грег Попович, како и неговиот соиграч Тони Паркер, Ману Џинобили, секој од нив одржувајќи емотивен говор.
Тим Данкан во НБА-лигата стигна како прв пик на драфтот во 1997 година, а кариерата ја заврши во истиот тим, без да го промени клубот. Тој освои пет титули во најквалитетното кошаркарско натпреварување.

Најнови вести