Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2015

Дефо на чекор од Сандерленд

Џермејн Дефо, поранешниот напаѓач на Тотенхем и досегашен играч на Торонто, е на чекор од Сандерленд, за кого би требало да настапува наредните три години.

Дефо за Торонто, за кого потпиша пред 11 месеци, одигра 19 натпревари и постигна 11 голови.
Триесет и двегодишниот англиски фудбалер доколку потпише за Сандерленд, седмично ќе заработува 103.000 евра, додека за возврат во канадскиот клуб ќе отиде Џози Алтидор.
Дефо врвот на кариерата го оствари во Тотенхем, за кого во два наврати, од 2004 до 2008 и од 2009 до 2014 година, играше на вкупно 274 натпревари и постигна 90 голови.
Сандерленд моментно е на бод, односно на две места над зоната за испаѓање од Премиер лигата.

Најнови вести