Корисничко име Лозинка Пријави се
14.11.2014

Мојс: Повеќе сум Мурињо отколку Пеп

Дејвид Мојс, новиот тренер на Реал Сосиедад, изјави дека е подготвен за својата прва работа во странство.

„Претседателот ме убеди да дојдам – со фантастична страст ми зборуваше за клубот, за тоа колку е посебен и колку му значи. Мојата амбиција беше голема да работам во странство – одморен сум, имав шест месеци пауза и едвај чекам да почнам“, изјави Мојс.
„Сакам да уживам во предизвикот и да одиме кон горниот дел на Примера лигата. Пред 12 години дојдов во Евертон, клуб сличен на Реал Сосиедад, и го оставив кога беше блиску до врвот. Се надевам дека тоа можам да го направам и овде“, додаде шкотскиот стручњак.
На прашањето дали според стилот повеќе е сличен на Мурињо или на Гвардиола, Мојс изјави:
„Веројатно повеќе како Мурињо. Цврст сум со играчите и сакам напорно да работам“.
Мојс додаде дека имал неколку понуди од Премиер лигата, но дека сакал нов предизвик во Шпанија.
„Не се двоумев во ниту еден момент – добив шанса да работам во Примера лигата, која ја сметам за најдобра на светот. Имам шанса да покажам дека британските менаџери може да работат во странство, се надевам дека ќе им олеснам на тие по мене“, изјави Мојс.
Сосиедад, кој минатиот шампионат заврши на седмото место и се избори за место во квалификациите за Лигата на Европа, новата сезона ја почна многу слабо, испадна од Краснодар, а во Примера лигата доби само еден од првите десет натпревари.
Мојс беше без работа од април оваа година, по катастрофалната сезона во Манчестер јунајтед, а пред тоа со голем успех ги водеше Престон Норт Енд и Евертон.

Најнови вести