Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
20.4.2018

Атлетико декласиран на „Аноета“, Барселона една победа до титула

Фудбалерите на Атлетико Мадрид беа поразени со 3-0 од Реал Сосиедад во натпреварот од 33-тото коло на шпанската Ла Лига.

„Јорганџиите“ беа поразени на „Аноета“, во натпреварот во којшто домашниот состав целосно го заслужи триумфот и на противникот му ги одзеде сите шанси за титулата.
Атлетико остана на 71 бод, 12 повеќе од првопласираната Барселона, која уште во следното коло има шанса за титулата – доколку Каталонците слават, ќе имаат 12 бода повеќе од второпласираниот на четири рунди пред крајот.
Таа и официјално ќе биде нов шампион на Шпанија бидејќи во Ла Лига се гледа и меѓусебниот резултат, а Каталонците имаат победа и реми со Мадриѓаните оваа сезона.
Што се однесува до натпреварот, Баскијците до предноста дојдоа во 27-мата минута – Аднан Јанузај помина по десната страна, ја врати топка на самиот пенал, од каде што Вилијам Хосе осамен ја испрати од левата статива во мрежата.
Домашните играчи имаа шанси да постигнат гол, имаше и Атлетико можност да се врати, но во 80-тата минута Хуанми го реши прашањето на победникот. Им испрати фантастична акција на неговите соиграчи и топката елегантно ја испрати кај Јан Облак за 2-0.
Тој го постави и конечниот резултат во последните моменти од средбата.
Реал Сосиедад со овој триумф се искачи на 11-тата позиција со 43 бода.
Три места над Сосиедад се наоѓа Хирона, која со 2-1 беше подобра од Алавес. Гарсија на гостите им донесе предност по еден час игра, а Стуани во 86-тата  минута ја реализира најстрогата казна. Почесниот погодок за домаќините беше дело на Пина во првата минута од продолжението.

Најнови вести