Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2018

Реал Сосиедад го отпушти тренерот

Раководството на тимот на Реал Сосиедад реши да ја прекине две и полгодишната соработка со тренерот Еузебио Сакристан по серијата лоши резултати на баскискиот клуб.

Сакристан ја плати цената за лошата позиција во која се наоѓа тимот од Сан Себастијан, 15-тото место на табелата, но засега не е директно загрозен во поглед на елиминирање од Лигата бидејќи има 12 бодови повеќе од зоната за испаѓање.
„Сино-белите“ славеа само на еден од последните шест натпревари, а во претходното коло ги порази Хетафе со 2-1.
„Тимот би сакал да му се заблагодари на Сакристан за сè што направи за клубот во претходните две и пол години – за професионализмот и посветеноста на тимот кои ги покажуваше во извршувањето на неговата должност како тренер на тимот. Му посакуваме сè најдобро во претстојните професионални и приватни потфати“, се наведува во соопштението на тимот од „Аноета“.
Сакристан во тимот дојде во 2015 година и во првата сезона го одведе тимот до шестото место и до Лигата на Европа. Во досегашната тренерска кариера работеше и како помошен тренер во Барселона и го водеше резервниот тим на каталонскиот гигант, а беше тренер и на Селта од Виго. Како играч настапуваше за Валјадолид, Атлетико Мадрид, Барселона и Селта.
Тимот по заминувањето на Сакристан ќе го води Илманол Алуасил, кој досега беше задолжен за водење на резервниот тим на Сисиедад. Во соопштението се наведува дека клубот ќе го напушти и спортскиот директор Лоренцо Хуарос.

Најнови вести