Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
28.4.2018

Емери потврди: Си одам, завршено е

Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, вчера изјави дека следната сезона нема да го води тој клуб и дека за тоа се известени и управата и играчите.

По освојувањето на титулата со ПСЖ во Лига 1, но по елиминацијата во осминафиналето на Лигата на шампионите од Реал Мадрид, време е за разделба. Унаи Емери вчера потврди дека нема веќе да го тренира ПСЖ.
„Им кажав на играчите, на спортскиот директор и на сопственикот дека е завршено. Им благодарам на сите и сè што останува е финалето на Купот на Франција“, изјави Емери, кој кариерата би можело да ја продолжи во Реал Сосиедад.
Тој клуб Емери го сака уште откако бил дете, а Сосиедад бара решение за шеф на стручниот штаб по разделбата со тренерот Еузебио Санкристијан.
Во Париз веќе се шпекулира кој ќе го наследи Емери, а од почетокот на годината најгласни беа шпекулациите дека Антонио Конте од Челзи ќе дојде да го води ПСЖ.

Најнови вести