Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Голем борец е Санти Казорла, се врати на терен по пауза од 668 дена

Санти Казорла е еден од омилените фудбалски ликови, без разлика на симпатиите и навивачите страсти кон одреден клуб, а 33-годишниот играч покажа дека е вистински борец

Санти Казорла беше стартер во составот на Вилјареал и одигра 73. минути за „жолтата подморница“, први по пауза од 668 дена. Реал Сосиедад со победа од 2:1 го расипа свечениот момент за Казорла, но сепак останува силниот впечаток на одличниот играч од средниот ред, кој успеа да се врати на фудбалските терени.
По долга пауза ова беше прв меч за Санти, по тој во дресот на Арсенал против Лудогорец на 19. октомври 2016 година.
Потоа имаше големи проблеми со ахиловата тетива, дури и официјално се прости од фудбалот, но желбата да се игра беше поголема од се. И фудбалскиот мајстор се врати на теренот со настап за Вилјареал против Реал Сосиедад, во една од најсилните лиги на светот, шпанската Ла Лига.

 

Најнови вести