Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2014

Дејвид Мојс на клупата на Сосиедад

Дејвид Мојс стана тренер на Реал Сосиедад, потврдено е во Сан Себастијан доцна синоќа.

Мојс беше без работа од април оваа година, по катастрофалната сезона во Манчестер јунајтед, а пред тоа со голем успех ги водеше Престон Норт Енд и Евертон.
Сосиедад, кој минатиот шампионат заврши на седмото место и се избори за место во квалификациите за Лигата на Европа, новата сезона ја почна многу слабо, испадна од Краснодар, а во Примера лигата доби само еден од првите десет натпревари.
Овој викенд играчите на Сосиедад без постојан тренер го победија Атлетико Мадрид, што им е втор триумф во лигата. Неверојатно звучи податокот дека ги победија само шампионот на Шпанија и шампионот на Европа (4-2 против Реал во второто коло).
По паузата, „сино-белите“ ги чека пат за Коруња, а потоа им доаѓа Елче.
Мојс на „Аноета“ ќе биде промовиран денес.

Најнови вести