Корисничко име Лозинка Пријави се
11.10.2014

Зидан суспендиран на три месеци

Тренерот на вториот тим на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, е суспендиран на три месеци затоа што ги нема потребните квалификации за таа функција, пренесоа шпанските медиуми.

Легендарниот Французин има лиценца од втора категорија, која е еквивалент на УЕФА „А“ лиценцата, а да води клуб во Втората шпанска лига потребен му е повисок степен на квалификација.
Зидан е во процес на добивање на „Ц“ лиценца од страна на Француската фудбалска федерација и се додека не ги добие потребните документи нема да може да биде тренер на вториот тим на „кралскиот клуб“.
Покрај Зидан, на ист период е суспендиран и неговиот помошник Сантијаго Санчес кој досега официјално беше прв тренер, но само фиктивно беше шеф на стручниот штаб затоа што Зидан ја водеше екипата. 
Фудбалската федерација на Шпанија го казни и Реал со одредена парична казна.  Клубот има рок од десет денови да ја приложи неопходната документација која би му овозможила на Зидан да продолжи да работи, а во спротивно суспензијата ќе остане на сила.

Најнови вести