Корисничко име Лозинка Пријави се
02.5.2018

Зидан: Без страдање и маки, ова не би било можно

По реваншот со Баерн и по елиминацијата на германскиот тим од полуфиналето на Лигата на шампионите, Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, изјави дека неговата екипа добила три големи тима – ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен.

Не беше лесно да се биде на клупата на Реал кога Баерн само по три минути успеа да го изедначи вкупниот резултата во двомечот. И покрај тоа, Зинедин Зидан, тренерот на актуелниот шампион на Европа, изјави дека без страдање, овој успех на Реал би бил невозможен.
„Со рано постигнатиот гол баш нè затресоа, страдавме, но и тоа е убаво. Тоа е фудбалот и секако уште поубаво е кога на крајот ќе победите. Игравме против голем клуб токму како и против Јувентус и ПСЖ и среќни сме што ги победивме таквите клубови. Да не страдавме, тоа не би било можно“, изјави по натпреварот тренерот на Реал.
„Добро ќе се одмориме за финалето. Среќен сум за Бензема бидејќи никогаш не престануваше да се труди и да работи. Тој ја направи разликата, а Кејлор Навас беше феноменален. Имаше добра одбрана и дуели во воздух против високите играчи“, додаде Зидан.

 

Најнови вести