Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2018

Перес изненаден: Тотално неочекувана одлука на Зидан

Флорентино Перес, претседателот на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, изјави дека го изненадила одлуката на Зинедин Зидан да си оди од местото тренер.

„Заминувањето на Зидан е тотално неочекувано. Ме информира за одлуката во средата и сакам да му се заблагодарам за работата која ја заврши“, изјави Перес на конференцијата за новинарите.
Зидан го напушти местото тренер на Реал Мадрид по две и пол години, во текот на кои освои дури три трофеи во Лигата на шампионите.
„Ова е тажен ден за мене, за навивачите и за сите луѓе коишто работат во клубот. Би сакал секогаш да можеме да го имаме Зидан покрај нас, но знаме дека кога веќе ја донесол одлуката, единствено што можеме да направиме е да ја прифатиме и да ја почитуваме“, додаде првиот човек на Реал Мадрид.
Флорентино Перес лично ќе донесе одлука кој ќе го замени Зинедин Зидан на местото тренер, но не наведе кога ќе се случи тоа.
Шпанските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да биде тоа, а имињата кои се истакнуваат се Маурисио Покетино, тренерот на Тотенхем, и Масимилијано Алегри од Јувентус.

Најнови вести