Корисничко име Лозинка Пријави се
21.4.2018

Зидан: Ќе ја браниме титулата до смрт

Реал Мадрид, двократниот последователен освојувач на Лигата на шампионите, на чело со тренерот Зинедин Зидан е подготвен да направи сè што е потребно за да го оправда статусот најдобар во Европа трета година по ред.

Во среда Баерн Минхен и Реал ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Тие два клуба се сретнаа минатата година во четврт-финалето, кога Мадриѓаните со вкупен резултат 6-3 се пласираа во следната фаза од натпреварувањето, а во финалето го совладаа Јувентус. На тој начин ја освоија втората последователна шампионска титула на европското натпреварување, а трета во претходните четири години.
Овогодишната одбрана на титулата е главен приоритет на Реал.
„Дојдовме до полуфиналето. Многу убави работи се зад нас. Во форма сме. Ќе ја браниме својата титула до смрт“, самоуверено изјави Зидан.
Кралскиот клуб не блескаше на генералната проба пред средбата со Баварците – со Атлетико Мадрид одигра нерешено 1-1. Без оглед на тоа, Зидан не планира значителни измени во тренинзите.
„Имаме уште пет дена да се подготвиме за средбата со Баерн. Нема да менуваме ништо“, додаде Французинот.
Баварците се чини дека се во одлична форма. Неодамна Баер Леверкузен ја почувствува решеноста на Баерн да ја тресе противничката мрежа – фудбалерите на клубот од Минхен во полуфиналниот натпревар од Купот на Германија славеа со 6-2.

Најнови вести