Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
07.3.2018

Зидан: Sекогаш ги надминуваме сите пречки

Фудбалерите на Реал од Мадрид во гости го совладаа ПСЖ со 2-1 во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите и на тој начин со вкупен резултат од 5-2 се пласираа во наредната фаза од натпреварувањето. По новата победа, Зинедин Зидан, тренерот на Кралскиот клуб, даде изјава за медиумите.

Головите во победата на Реал ги постигнаа Кристијано Роналдо и Каземиро, додека Единсон Кавани беше единствениот стрелец за ПСЖ.
Францускиот стручњак, кој е актуелен двократен последователен освојувач на Лигата на шампионите и единствен тренер кому тоа му тргнало од рака, во натпреварот во Париз многумина изненади со тоа што во првиот тим ги смести Лукас Васкез, Марко Асенсио и Матео Ковачиќ наместо Герет Бејл, Тони Крос и Лука Модриќ.
„Надминавме голема пречка и сега ќе продолжиме понатаму бидејќи наша цел е повторно да постигнеме нешто големо“, изјави францускиот стручњак.
„Тимот беше како и секогаш. Добро тренираа и сите го заслужија местото во првите 11. Играа добро и беа сконцентрирани од самиот старт. Не е лесно да се победи на овој стадион. Како и по првиот дуел, задоволен сум и среќен“, додаде 45-годишниот тренер.
Зидан беше запрашан и за минутажата на Герет Бејл.
„Сигурен сум дека тој би сакал да игра повеќе, но ние имаме многу натпревари. Ќе има шанси. Ќе продолжиме да играме како и досега. Имаме многу важни играчи, а Бејл е еден од нив“, изјави Зидан.
Следниот натпревар Реал ќе го игра во шпанското првенство, а противник ќе му биде Еибар.

Најнови вести