Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.2.2018

Реал наследникот на Зидан го најде кај Германците

Како што пишува „Мудно депортиво“, Реал Мадрид, актуелниот шампион на Шпанија и на Европа, веќе се подготвува да ја заврши соработката со Зинедин Зидан, кој на кралскиот клуб му донесе три големи трофеи за две години.

Реал практично ја изгуби шансата да ја одбрани титулата во Шпанија, а како што стојат работите, ниту евентуален нов успех во Лигата на шампионите, трета година по ред под водство на Зидан, на сегашниот тренер нема  да му осигури нов мандат. Сè погласни се шпекулациите  дека на Зидан, како и на неговиот претходник Рафаел Бенитес, му пресудила соблекувалната, така што Зидан практично се смета за поранешен.
Ваквите шпекулации дополнително ги потврдува „Мундо депортиво“, кој ја објави веста дека Флорентино Перес веќе пронашол наследник. Во прашање е селекторот на актуелниот светски шампион Германија, Јоахим Лев. Наводно, на Перес му се допаѓа методологијата на работа на Лев и начинот на којшто игра репрезентацијата на Германија и би сакал Реал да го види таков.
Дека Перес сака да го германизира Реал, во прилог е и фактот дека веќе подолго време сака на „Сантијаго Бернабеу“ да го доведе Роберт Левановски, кој долги години со голем успех игра во Германија, прво за Борусија од Дортмунд, а сега за Баерн од Минхен.

Најнови вести