Корисничко име Лозинка Пријави се
19.3.2018

Зидан: Кога ќе дојде крајот на сезоната, Роналдо е најдобар

Иако се мачеше на почетокот на сезоната, Кристијано Роналдо моментно е во исклучителна голгетерска форма, а тоа го потврди и во дуелот со Хирона, во којшто постигна дури четири гола.

Зинедин Зидан, тренерот на Реал, изјави дека е свесен дека Португалецот игра сè подобро и подобро како што одминува сезоната.
„Тој емитува позитивна енергија кон остатокот на тимот. Одлично се познава себеси, знае кога му треба одмор, а кога ќе дојде крајот на сезоната, многу е добар. Неговата амбиција е исклучителна, дури и кога изведува пенал на тренингот, тоа го прави со максимална концентрација. Тоа е она што го разликува од останатите“, изјави Зидан.
Роналдо во натпреварот против Хирона дојде до јубилејниот 50-ти хет-трик во кариерата.

Најнови вести