Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2014

Пирло повторно во репрезентацијата

Антонио Конте, селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, во националниот тим го повика Андреа Пирло, кој ќе го замени повредениот Џакомо Бонавентура.

Бонавентура, крилниот фудбалер на Милан, на собирот на репрезентацијата се појави повреден, а лекарот Енрико Кастелаци процени дека нема да биде подготвен за натпреварот со Азербејџан и Малта во квалификациите за Европското првенство.
Пирло неодамна им се врати на тренинзите по двомесечната пауза поради повреда на колкот, а повик доби откако ја повлече одлуката да се пензионира од репрезентацијата по Светското првенство во Бразил.
На собирот на репрезентацијата на Италија повреден се појави и Марко Верати, играчот за врска на ПСЖ, но тој, засега, ќе остане во екипата.

Најнови вести