Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2014

Вилаш-Боаш на клупата на Зенит

Зенит од Санкт Петербург на почетокот на оваа седмица го отпушти долгогодишниот тренер Лучијано Спалети, а како негов наследник во следните 48 часа ќе го именува Андре Вилаш-Боаш.

Поранешниот тренер на Тотенхем е без работа повеќе од четири месеци, а медиумите во Португалија шпекулираат дека челниците на Зенит му понудиле четиригодишен договор на Вилаш-Боаш.
Екипата на Зенит привремено ја предводи Сергеј Семак, а покрај преземањето на Зенит, португалските медиуми ја спомнуваа и можноста младиот стручњак да се врати во Порто, но во тоа најверојатно нема вистина.

Најнови вести