Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2014

Наполи го позајми Варгас во Валенсија

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Едуардо Варгас, до крајот на сезоната ќе игра како позајмен фудбалер во Валенсија.

Како што е објавено на сајтот на шпанскиот клуб, Валенсија во јуни ќе има право да го откупи договорот на Варгас, но не е соопштена сумата на оштетата.
Репрезентативецот на Чиле во Наполи дојде во декември 2011 година, но не успеа да се избори за статус на стандарден првотимец.
Варгас минатата година беше позајмен во бразилскиот Гремио за кој одигра 37 натпревари и постигна девет голови, а во досегашната кариера настапувал и за Универзидад де Чиле и Кобрелоа.

Најнови вести