Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2013

Робињо еден месец во аут поради повреда на рамото

Бразилскиот 29-годишен фудбалер Робињо, инаку член на Милан, ќе паузира од фудбалот еден месец.

Во вторникот, на средбата од Лигата на шампионите во Глазгов, каде што Милан славеше со 3-0 против Селтик, Робињо го повреди рамото, а тестовите покажаа дека повредата не е баш лесна.
Робињо нема да игра во последната средба на Лигата на шампионите по групи, во која на Милан му е потребна победа или бод на домашен терен против Ајакс за пласман во осминафиналето, а нема да му биде на располагање на тренерот Масимилијано Алегри ниту за првенствените средби против Ливорно и Рома, како и во градското дерби против Интер.
Робињо оваа сезона вкупно постигна три погодоци и четири асистенции.

Најнови вести