Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2013

Марсеј доведе една од најголемите француски надежи, Гуркуф се заканува

Флоријан Товен, 20-годишниот фудбалер на Лил, кариерата ќе ја продолжи во Марсеј, потврдено е на последниот ден од преодниот рок, што значи дека Марсеј доби една од најголемите тамошни фудбалски надежи.

На неодамнешното Светско првенство до 20 години во Турција Товен беше еден од најдобрите играчи на победничката француска репрезентација, а инаку заминува од Лил без да одигра ниту еден натпревар во тој клуб.
Оваа година играчот за врска од средниот ред од Бастија дојде во Лил, кој одлично ќе заработи на него. Француските медиуми шпекулираат дека Марсеј, вклучувајќи и некои бонуси, вкупно ќе плати оштета од околу 15 милиони евра.
Товен, пак, со Марсеј потпиша петгодишен договор.
Истовремено, 27-годишниот Јоан Гуркуф ѝ се заканува на управата на Олимпик Лион дека ќе замине. Некогаш најголемиот француски талент се надеваше на заминување во текот на актуелниот преоден рок, но во Лион ги одбиваа понудите. Оваа сезона Гуркуф во четири првенствени настапи постигна два гола за Лион.

Најнови вести