Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2018

„Триколорите“ без ѕвездата на Марсеј против Русија

Францускиот фудбалер Флоријан Товен ќе го пропушти претстојниот пријателски натпревар против Русија поради повреда на левиот бут, соопштено е денес.

Фудбалскиот сојуз на Франција наведе дека играчот на Марсеј не отпатувал со соиграчите во Санкт Петербург, каде што Франција утре ќе игра против домаќинот на Светското првенство.
Селекторот Дидие Дешамп нема да повика замена за Товен.
Репрезентацијата на Франција, која беше вицешампион на Европа во 2016, ќе се обиде да го поправи впечатокот во натпреварот против Русија откако во петокот изгуби на домашен терен од Колумбија со 3-2.
Натпреварот меѓу Франција и Русија се игра утре, од 17.50 часот.
Франција на Мундијалот во Русија ќе игра во групата Ц со селекциите на Данска, Перу и Австралија, додека Русија е во групата А со Саудиска Арабија, Египет и Уругвај.

Најнови вести