Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2013

Робињо го продолжи договорот со Милан

Од Милан вчера доцна вечерта официјално го потврдија продолжувањето на договорот со својот бразилски 29-годишен напаѓач Робињо.

Досегашниот валиден договор, кој на некогашниот бразилски фудбалски репрезентативец му истекуваше со крајот на следната сезона, продолжен е за две години, така што Робињо дресот на Милан ќе го носи до 30-ти јуни 2016 година.
Зад Бразилецот е една од најлошите сезони во кариерата, лани во 26 настапи за миланскиот клуб во сите натпреварувања постигна само два гола.
Робињо кариерата ја почна во Сантос, каде од 2002 до 2005 настапи на 147 натпревари и постигна 61 гол, по што се пресели во Реал Мадрид каде на 101 меч беше стрелец на 25 голови. Од Мадрид во 2008 замина во Манчестер сити каде играше две години и на 41 средба даде 14 голови и замина во Милано каде за „росонерите“ од 2010 одигра вкупно 85 натпревари и постигна 22 гола.

Најнови вести