Корисничко име Лозинка Пријави се
26.6.2013

Станковиќ си оди од Интер

Италијанскиот клуб Интер ќе се обиде ова лето да ја раскине соработката со поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија, Дејан Станковиќ, пренесоа локалните медиуми.

Договорот на Станковиќ со Интер истекува за една година, но управата на клубот не планира да го задржи српскиот интернационалец во своите редови уште 12 месеци.
Поради тоа, Марко Бранка, техничкиот директор на Интер, утрово се сретна со агентот на Станковиќ, Клаудио Вигорели, за да постигнат договор.
Станковиќ во Интер дојде од Лацио во јануари 2004 година и досега за „нераѕурите“ одигра 321 натпревар и постигна 41 гол.
Искусниот играч за врска во последно време имаше доста проблеми со повредите, а минатата сезона на теренот помина само 124 минути.
Станковиќ кариерата би можело да ја продолжи во поранешниот клуб Лацио или во некој од тимовите на американската МЛС-лига.

Најнови вести