Корисничко име Лозинка Пријави се
19.6.2013

„Медијасет“: Монако нуди 60 милиони за Ел Шарави и Боатенг

Според наводите на „Медијасет премиум“, повратникот во францускиот шампионат, Монако, му понудил на Милан 60 милиони евра за двајца негови фудбалери.

Станува збор за Стефан Ел Шарави и Кевин-Принс Боатенг, а понудата е многу слична со онаа од минатото лето што ја понуди ПСЖ, а Милан се согласи да ги продаде шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ и Тијаго Силва. Парижаните за двајцата платија 65 милиони евра.
„Медијасет“ наведува дека Адријано Галијани, потпретседателот на Милан, ќе се состане со челниците на богатиот Монако и дека ќе преговара околу тоа, иако пред неколку дена изјави дека сè може да продадат од клубот, но не и Ел Шарави.
Неодамна и Арсенал и Манчестер сити на Милан му пратија понуди од околу 40 милиони евра за Ел Шарави.

Најнови вести