Корисничко име Лозинка Пријави се
02.10.2012

Салиховиќ суспендиран на четири меча, Клоп казнет со 6.000 евра

Дисциплинската комисија на Германскиот фудбалски сојуз го казни Сејад Салиховиќ, босанско-херцеговскиот играч за врска на Хофенхајм, со четири натпревари суспензија, а Јирген Клоп, тренерот на Борусија Дортмунд, со 6.000 евра.

Салиховиќ е казнет поради бруталниот старт на глуждот на Тобијас Вернер во 88-та минута од натпреварот на шестото бундеслигашко коло против Аугсбург, за што заработи црвен картон.
Сезонава ова е второ исклучување на Салиховиќ, а Хофенхајм има право на жалба во рок од 24 часа.
Истовремено, тренерот на актуелниот шампион е казнет поради дивеењето во средбата од петтото бундеслигашко коло против Ајнтрахт (3-3). Клоп го нападна четвртиот судија, кој инцидентот го пријави на главниот судија, а Дисциплинската комисија случајот го окарактеризира како неспортско однесување.

Најнови вести