Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
15.1.2018

Сити конечно падна – 7+ на „Енфилд роуд“!

Екипата на Ливерпул го победи Манчестер сити со 4-3 (1-1) во дербито на 23-тото коло од англиската Премиер лига.

Избраниците на Пеп Гвардиола го доживеаја првиот пораз оваа сезона во домашниот шампионат - претходно на 22 одиграни натпревара имаа скор од 20 победи и две ремија.
„Црвените“ успеаја да ги искористат неколкуте катастрофални грешки во задната линија на Сити и сот тоа да го срушат ривалот.
На „Енфилд роуд“ се одигра одличен натпревар. По 45 минути игра, на семафорот резултатот беше 1-1. Екипата на Јирген Клоп многу брзо дојде до предност - Алекс Окслејд-Чемберлен со одличен удар го совлада Едерсон.
Ливерпул продолжи да врши притисок, но она што е карактеристично за нив во текот на целата сезона е недостаток на концентрација во одбраната. Кај вториот гол лошо реагираа Гомез и Кариус, а Лерој Сане постигна погодок.
Во продолжението на средбата, доминираше славниот клуб, но и враќањето на Сити во крајните минути на натпреварот.
Чемберлен испрати одличен пас кон Фирмињо, кој го доби дуелот со Стоунс и потоа со убав удар го совлада голманот на Сити. Само две минути подоцна, се случи нова грешка во одбраната на „граѓаните“.
Отаменди ја изгуби топката на неговата половина од теренот, Салах ја украде, потоа ја испрати кон Мане, кој со прецизен удар постигна гол за 3-1.
Нова грешка на екипата на Манчестер следуваше во 68-мата минута. Едерсон лошо ја испрати топката при излегувањето од голот. Салах дојде до неа и го лобуваше голманот за делириум на трибините и голема предност на „црвените“.
Ливерпул повторно за малку ја испушти големата предност. Бернардо Силва во 84-тата минута намали на 4-2, а потоа Гундоган во продолжението на времето внесе немир во редовите на екипата на Јирген Клоп, 4-3.
Агуеро до крајот на натпреварот имаше две шанси, но не успеа да му донесе голем бод на Сити.
Екипата на Пеп Гвардиола и понатаму  убедливо се наоѓа на првото место на Премиер лигата со 15 бодови повеќе од Јунајтед (натпревар помалку), Ливерпул и Челзи.

Најнови вести