Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2017

Клоп: Не го сакам терминот „фантастична четворка“

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, по победата над Борнмут од 4-0, изјави дека не го сака терминот „фантастична четворка“, кој му е даден на квартетот на „црвените“ составен од Филипе Кутињо, Роберто Фирмино, Садио Мане и Мохамед Салах.

„Црвените“ го совладаа Борнмут со головите на Кутињо, Ловрен, Салах и Фирмино, додека Мане натпреварот го следеше од клупата. Посебно е одлична формата на Египќанецот Салах, кој го постигна 20-тиот гол во сите натпреварувања, а 14-ти во Премиер лигата.
„Се радувам и се надевам дека Салах ќе остане во форма и дека и понатаму ќе игра вака. Нема постигнато гол против Вест Бромич албион на пример, тогаш ни беше попотребен отколку против Борнмут, но се случуваат такви работи, тоа не е проблем. Тој знае колку се зборува за него сега и знае колку го почитувам. Не се работи веќе за ’фантастичната четворка’, тоа име не ми се допаѓа“, изјави Клоп за неговиот најдобар фудбалер.
Ливерпул во Премиер лигата има 34 бода и се наоѓа на четвртото место на табелата, а напаѓачката четворка во Лигата постигна вкупно 29 погодоци - Салах 14, Фирмино шест, Кутињо пет, а Мане четири. „Црвените“ во следното коло ќе играат во гости кај Арсенал, а натпреварот на програмата е во петок, на 22-ри декември, во 20.45 часот.

Најнови вести