Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2012

Фиорентина го враќа Михајловиќ?

Управата на Фиорентина размислува повторно да го ангажира Синиша Михајловиќ за тренер, пренесуваат италијанските медиуми.

Михајловиќ во оваа сезона претходно доби отказ, а на негово место е доведен Делио Роси, но „виолетовите“ во последно време играат многу лошо и им претстои борба за опстанок во Серија А.
Фиорентина забележа само една победа на последните девет првенствени натпревари, а минатото коло загуби и од Киево со 2-1 и падна на седумнаесеттото место на табелата, па сега има пет бодови предност пред Лече, кој се наоѓа во опасната зона.
Пред Фиорентина, Михајловиќ седеше на клупата на Болоња и Катанија, а во моментов е еден од кандидатите за селекторското место на клупата на Србија.

Најнови вести