Корисничко име Лозинка Пријави се
09.2.2012

Снајдер спремен за средбата против Новара

Весли Снајдер, холандскиот играч за врска на Интер од Милано, е спремен за враќање во првиот тим откако поради повреда го пропушти дербито против Рома минатиот викенд.

Снајдер го повреди бутниот мускул во ремито (4-4) против Палермо на први овој месец.
Меѓутоа, италијанските медиуми изјавија дека Снајдер вчера без проблеми го одработил 90-минутниот тренинг на екипата, па ќе конкурира за неделниот дуел против Новара на „Сан Сиро“, во склоп на 23-тото коло на Серија А.
Без проблеми последниот тренинг го одработија и Диего Форлан, Дејан Станковиќ, Хуан, Џампаоло Пацини и Рики Алварес, играчи кои претходно имаа помали проблеми со повреди, додека надвор од погон се Фреди Гуарин и Валтер Самуел.

Најнови вести