Корисничко име Лозинка Пријави се
06.3.2018

Сто дена до стартот на Мундијалот!

Остануваат точно уште сто дена до почетокот на најгледаниот настан на планетата и веројатно сите го чекаат почетокот на овогодишното издание на Мундијалот во Русија.

Светското првенство во фудбал 2018 година ќе биде 21-во по ред, а ќе се одржи во периодот од 14-ти јуни до 15-ти јули.
Откако пропушти едно првенство, односно по осум години пост од големите натпреварувања, оваа година ќе настапи и репрезентацијата на Србија, која оствари голем успех минувајќи низ квалификациите како првопласирана.
За да го обележи овој момент, Светската фудбалска федерација на нејзиниот канал на „Јутјуб“ објави видео во кое многу великани, освојувачи на „божицата“, но и Владимир Путин, претседателот на Русија, ги покажуваат нивните фудбалски вештини.

Најнови вести