Корисничко име Лозинка Пријави се
12.10.2017

Видал се збогува од Чиле: Скршено ми е срцето

Артуро Видал, играчот за врска на Баерн Минхен, ја заврши репрезентативната кариера по дебаклот на Чиле во квалификациите за Светското првенство.

Шампионот на Јужна Америка не успеа да се пласира на Мундијалот во Русија 2018 година, беше дури шести во јужноамериканските квалификации.
„Скршено ми е срцето. Ви благодарам за сите овие години, за сè што ме научивте и ми покажавте дека со труд сè е можно во животот“, изјави Видал.
Тој во текот на десетте години во дресот на Чиле одигра 97 натпревари и постигна 23 погодоци.
Освен Видал, Чиле го напушта и селекторот Хуан Антонио Пици. Аргентинецот минатата година го наследи долгогодишниот селектор Хорхе Сампаоли и веднаш ја освои шампионската титула на Јужна Америка.
„Мојата иднина? Мојот договор завршува во оваа ситуација и ми се чини, иако одговорноста и одлуката е на челниците на Сојузот, дека мораме да го анализираме она што го сакаат тие за тимот и да се обидеме да ја избереме најдобрата опција. Јас веднаш се исклучив од тие опции“, изјави Пици.

Најнови вести