Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2018

И публиката на италијанските стадиони ќе ги гледа спорните моменти

Фановите на Апенинскиот полуостров ќе имаат прилика да се уверат во судиските одлуки после барање помош од ВАР технологија

Од сезоната која почнува за помалку од две недели, па натаму, во италијанската Серија А, и публиката на стадионите каде што има голем екран, ќе може да ги гледа спорните моменти, истовремено кога и главниот судија ќе бара помош од ВАР технологијата. Ова е новина кој ќе почне да се применува редовно, а дали е добар потег или не, ќе покажат првите неколку кола. 
Серија А и во минатата сезона користеше видео-технологија, но сега и навивачите ќе може да се уверат дали судијата донел правилна одлука, после прегледување на снимката, доколку смета дека има некој спорен момент, и тоа само во случај дали е гол или не, поточно дали топката ја минала гол-линијата. Во случаите кога судијата ќе гледа дали имало офсајд во некоја ситуација, или дали имало прекршок за пенал или слободен удар, публиката нема да може да гледа снимка, бидејќи постои опасност да направи притисок врз арбитрите. 

 

Најнови вести