Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2018

Реал има ќар од воведувањето на ВАР

Во минатата сезона, првиот пенал за мадридскиот тим беше досуден во 13 коло

Екипата на Реал Мадрид, изведе три пенали во првите три кола од шпанската лига, и сите три шута го претвори во гол, а иако сите беа чисти, интересно е што трите пенали беа направени со фаули над Марко Асенсио. 

Воведувањето на видео-технологијата во шпанското првенство засега му оди во прилог на европскиот првак. Трите пенали беа потврдени од ВАР, а синоќа на Реал му беше признаен гол кој главниот судија најпрвин го поништи. 

За споредба, во минатата сезона, првиот пенал за Реал беше досуден дури во 13. коло, на дуелот со Малага. „Белите“ се жалеа кај судиите, сметаа дека имало три ситуации во кои требаше да се досуди пенал, но сега со воведувањето на ВАР, ваквите грешки на судиите се на минимум, и арбитрите нема да влијаат при одредување на првакот. 

Во минатото и Реал често е напаѓан од противничките фанови дека има помош од судиите, не само во Шпанија, туку и во Европа, но засега немало случај друг тим да биде оштетен, па по прегледување на снимка, Реал да биде казнет. 

 

Најнови вести