Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2018

Атлетико без Коста на гостувањето во Севилја

Диего Коста, напаѓачот на Атлетико Мадрид, ќе паузира десетина дена поради повреда на задниот дел на бутниот мускул.

Коста се повреди во саботата, во неочекуваното реми на „јорганџиите“ со Хирона (1-1) на нивниот стадион „Ванда Метрополитано“.
Шпанскиот репрезентативец родум од Бразил ќе го пропушти вечерашниот реванш-натпревар со Севилја од четврт-финалето на Кралскиот куп во Андалузија, каде што неговиот тим ќе го брка заостанувањето од 2-1 од првата средба.
Коста веројатно нема да игра и во дуелот со Лас Палмас во Ла Лига претстојниот викенд. Тој постигна три гола на пет настапи за Атлетико откако се врати од Челзи и влезе во игра овој месец.
Одличниот напаѓач веќе пропушти еден натпревар во јануари, поради црвениот картон во победата над Хетафе (2-0), во којашто постигна гол.
Атлетико моментно се наоѓа на второто место во Ла Лига со 43 освоени бода, 11 помалку од лидерот на Барселона, додека три повеќе има од Валенсија, а осум од градскиот ривал Реал, на 18 кола пред крајот на сезоната.

 

Најнови вести