Корисничко име Лозинка Пријави се
21.12.2011

И Спанулис надвор од терените

Василис Спанулис, најдобриот кошаркар на атинскиот Олимпијакос и репрезентативец на Грција, ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради повреда на ногата.

Спанулис на вчерашниот тренинг го повреди глуждот на левата нога и нема да биде во тимот за последниот натпревар од групата А во Евролигата против францускиот Нанси.
Тој оваа сезона на девет меча во најелитното натпреварување, Евролигата, има просек од 19,8 поени, 1,8 скокови и 4,9 асистенции.
Ова е втор пех за „црвено-белите“, каде што настапува и нашиот Перо Антиќ, откако пред неколку дена останаа и без услугите на центарот Лазарос Пападопулос, кој поради повреда на коленото ќе паузира седум седмици.

Најнови вести