Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2017

Хрватска остана и без Калиниќ

Никола Калиниќ, репрезентативецот на Хрватска, ќе ги пропушти натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2018 година против Финска и против Украина поради повреда на мускулот.

Калиниќ во Милано направил магнетна резонанца, по која лекарите на Милан и на хрватската репрезентација утврдиле дека повредата е од таква природа што тој нема да може да биде во националниот тим  за одлучувачките квалификациски натпревари против Финска и против Украина, пренесува „Хина“.
Покрај Калиниќ, Анте Чачиќ, селекторот на Хрватска, на располагање ги нема веќе повредените Ведран Ќорлука, Марко Пјаца и Тин Једвај, како и Матео Ковачиќ, а отпадна и Борна Баришиќ.
На списокот би можело да се приклучи и Дејан Ловрен, кој не е во конкуренција за тимот за натпреварот со Финска, а во зависност од закрепнувањето, би можело да биде меѓу патниците за Киев.
Хрватска по осум одиграни натпревари, се наоѓа на првото место на табелата а групата И со 16 освоени бода, колку што има и Исланд на втората позиција. Турција и Украина имаат по 14 бода, Финска има седум, а Косово само еден бод.

Најнови вести