Корисничко име Лозинка Пријави се
15.5.2017

Феенорд слави титула по 18 години

Фудбалерите на Феенорд ја освоија шампионската титула на Холандија по 18 години, и тоа 15-та во историјата на клубот.

До неа стигнаа со победата во последното коло против Хераклес, кого го победија со 3-1, со хет-трикот на Дирк Кајт во првата, во 12-тата и во 84-тата минута. Единствениот погодок за Хераклес го постигна Ојен во 89-тата минута.
Кајт на 36 години и 296 дена стана вториот најстар напаѓач во историјата на Ередевизие, веднаш зад легендарниот Јохан Кројф (37 години и 11 дена).
Русокосиот фудбалер оваа сезона за Феенорд постигна 15 голови, а одигра 38 натпревари.
„Сонот стана реалност, конечно. Не само мојот, туку на сите овие прекрасни луѓе. Осумнаесет години чекавме да станеме. Дури 18 години чекавме да станеме шампиони и дочекавме. Навивачите цело време беа покрај клубот. Ова за нив е како религија, знаеме колку чекаа и колку имаше стрес“, изјави Кајт.
Клубот од Ротердам ја освои 15-тата титула и обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.
Второто место на табелата, со бод помалку од шампионот на Холандија, го зазеде Ајакс, кој беше подобар од Вилем II со 3-1, додека на третата позиција заврши ПСВ со 76 освоени бодови.

Најнови вести