Корисничко име Лозинка Пријави се
27.2.2013

Воинствениот Ленс суспендиран на три натпревари поради кошкањето во тунелот

Холандскиот фудбалски сојуз го суспендира на три натпревари Џермејн Ленс, напаѓачот на ПСВ, поради физички судир со Јорис Матејсен, одбранбениот играч на Феенорд, по неделното дерби.

Двајцата се судрија уште на теренот, а страстите не се смирија ни по завршувањето на средбата која Феенорд ја доби со 2-1. Стрелецот на единствениот гол на ПСВ го потегна соперничкиот одбранбен играч за дресот и почна физичка пресметка во тунелот, на која потоа ѝ се придружија останатите играчи на двете екипи.
Ленс, кој одигра девет натпревари за холандската репрезентација, целосно ја презеде одговорноста за судирот со соиграчот од „лалињата“.
„Не требаше да го чекам пред соблекувалната по натпреварот“, изјави 25-годишниот Ленс.
Останатите играчи коишто учествуваа во пресметката се ослободени од обвинението бидејќи Дисциплинската комисија на Холандскиот фудбалски сојуз проценила дека сакале само да ги смират страстите.

Најнови вести