Корисничко име Лозинка Пријави се
11.8.2012

Матијсен ја напушти Малага и потпиша за Феенорд

Холандскиот репрезентативец Јорис Матијсен ја напушти Малага по само една сезона и потпиша тригодишен договор со Феенорд.

Шпанските медиуми известија дека Матијсен стигнал во Феенорд за само еден милион евра за оштета, но шпанскиот клуб заштедил значителна сума на платата на фудбалерот, затоа што триесет и двегодишниот Холанѓанец имал едни од највисоките примања во составот.
Со ова продолжува егзодусот на фудбалери од Малага – тој е четврти играч кој заминува од Малага која се обидува да ги санира долговите за да го смени сопственикот. Претходно од андалузискиот тим си заминаа Апоно, Санти Казорла и Хозе Рондон.
Матијсен игра на позицијата стопер, а Феенорд ќе му биде петти клуб во кариерата по Вилјем II, АЗ Алкмар, Хамбургер и Малага.

Најнови вести